позицијата, во пресрет на трката за Големата награда на САД, кој во
недела ќе се вози во Остин.
Двојниот светски шампион, супериорно возеше во квалификациите и со
најбрзото време 1:35.667 минути се избори за старт од првото место.
Германецот во Остин ја освои шестата пол позиција оваа сезона, вкупно
36-та во кариерата.
Веднаш до Фетел од првиот стартен ред трката ќе ја започне пилотот на Мекларен, Луис Хамилтон. Најголемиот конкурент на Фетел во борбата за титулата, Фернандо Алонсо
имаше разочарувачки квалификации, тој трката ќе ја започне од деветата
позиција.
Фетел и Хамилтон беа единствените возачи кои во квалификациите постигнаа време под една минута и 35 секунди. Вториот стартен ред го формираа Марк Вебер (Ред Бул) и Роман Грожан
(Лотус Рено). Од третиот ред ќе стартуваат Кими Раиконен (Лотус Рено) и
Михале Шумахер (Мерцедес), а зад нив следуваат Фелипе Маса (Ферари),
Нико Хилкенберг (Форс Индија), Фернандо Алонсо (Ферари) и Пастор
Малдонадо (Вилијамс).
Во пресрет на претпоследната трка во првенството на Формула 1, во
генералниот пласман води Фетел со 255 бодови, десет повеќе од Алонсо. Интересна борба се води и во шампионатот на конструктори, каде Ред Бул
речиси ја обезбеди титулата, овој тим има 420 бодови, 80 повеќе од
Ферари, па следуваат Мекларен со 318 и Лотус со 288 бодови.
Трката во Остин ќе се вози во недела со почеток во 20 часот по средноевропско време.