Водечкиот пилот во генералниот пласман Себастијан Фетел ќе стартува од пол позицијата на патеката Монтреал во Канада.

Веднаш до Германецот, е пилотот на Мерцедес, Луис Хамилтон, а од втората линија ќе бидат Валтери Ботас од Вилијамс и Нико Розберг од тимот на Лотус.

На табелата кај возачите води Фетел со 117 бодови, второпласиран е Кими Раиконен со 86 бодови, а големата тројка ја комплетира Алонсо со 78 бодови.

Кај конструкторите првата позиција ја има Ред Бул со 164 бодови додека второпласиран е тимот на Ферари со 123 поени.

Мх.П.