Пилотот на Мерцедес, Луис Хамилтон од првата позиција ќе стартува на првата трка во Формула 1 која ќе се одржи во Австралија.

Со обезбедувањето на пол полозицијата на трката „Алберт Парк“ во Австралија, Хамилтон ја покажа решителноста сезонава да го симне Себастијан Фетел од шампионскиот трон.
Бранителот на трофејот во Ф1 циркусот германскиот пилот Фетел се пласираше на 13-та позиција додека Кими Раиконен едно место погоре.
Мх.П.











