На крајот на сезоната германскиот тим Мерцедес останува без две значајни алки во трките. Алдо Коста и Мaрк Елис на крајот на годината заминуваат од Мерцедес, два инжинери кои се значајни за она што го постигнува тимот. Алдо кој ја има функцијата на директор на инженерингот дојде на оваа позиција баш од Ферари, а сега неговата функција ја презема Џон Овен. Додека Марк Елис кој во Штутгарт пристигна од Ред Бул ја напушта функцијата директор за перформансии, а неговот место е резервирано за Лоик Сера.

  • Ова е значаен  момент за сите во тимот. Сепак се создава шанса за нови луѓе и како што неодамна изјавив ние во Мерцедес имаме јака организација и сум горд на сите резултати. Луѓето се менуваат, а еве веќе неколку години резултатите доаѓаат. Марк и Алдо ни помогнаја да ја основаме вистинската структура, а нашата иднина ќе биде посветла со Џон и Лоик. – изјави шефот на Мерцедес, Тото Волф.

OhridNews