Германскиот весник „Билд“ тврди дека Кими Раиконен, светскиот шампион во Ф1 од 2007 година, може да го замени Марк Вебер во екипата на Ред Бул.

Тврдењата на весникот доаѓаат по само два дена откако Вебер ги игнорираше тимските наредби, во последните кругови да не се обиде да го претекне клубскиот колега Себастијан Фетел.

Кими Раиконен Ф1 ја напушти во 2009 година, а весникот тврди дека неговото враќање и тоа токму во Ред Бул е строго чувана тимска тајна. Од весникот наведуваат дека информацијата ја добиле од челниците на тимот.


Инаку Раиконен и Фетел се добри пријатели и кога се во Швајцарија времето го минуваат заедно, во една прилика на прашањето кого го посакува за тимски колега, Фетел без размислување одговори – Раиконен.

Можноста за негово враќање во Ф1 ја подгрева и неодамнешната изјава на Раиконен дадена за финските медиуми, во која вели дека никогаш не рекол дека ја завршил кариерата во Ф1.

“Макфакс“
Ohridnews