Со заминување од Ферари и трансфер во Заубер заврши сагата околу иднина на финскиот пилот Кими Раиконен. И покрај барањата од навивачите Финецот да остане и следната сезона италијанскиот тим се одлучи за промени.

Местото на Раиконен ќе го заземе Чарлс Лекрек кој во Ферари се преселува од Заубер. Финецот не го криеше задоволството од враќањето во клубот во кој ја започна кариерата.

  • Преубаво е чуството да се вратиш онаму каде што се` започна. Со Заубер ќе одиме напред и не очекуваат две возбудливи сезони. – напиша Кими на своите профили на социјалните мрежи.

Лекрек во Ферари ќе му прави друштво на Себастијан Фетел кој ќе остане како прв пилот во екипата.

OhridNews