Со триумф на пилотот од Ред Бул, Даниел Рикардо заврши трката во „Шангај“ за голема награда на Кина. После многу пресврти и извртувања, Рикадо остана најприсебен и ги изненади фаворитите. На второто место од пиедасталот заврши Валтери Ботас (Мерцедес), а на третото Кими Раиконен од Ферари.

Рикардо – Незнам што треба ова да значи ама јас никогаш не победувам на досадни трки. Кога и да сум победил трките биле многу интересни. Не го очекувавме ова и пред само 24 часа мислевме дека е можно и да стартуваме од опашката. Им се заблагодарувам на механичарите кои вложија над човечки напори за да го припремаат болидот навреме. Оваа трка е бајка пред се за нив. Трката беше многу конфузна од време на време и во 14-тиот свиок ми јавија дека влегува безбедносно возило. Влегов во бокс и направивме “близнак сервис“ со Макс и тоа беше многу успешно. Секоја чест на тимот за оваа одлука.

Ботас – Трката долго време за нас беше супер се до излегувањето на безбедносното возило. Од тогаш се најдов во проблем со Рикардо и со Кими. Разочаран сум. Дадовме се од себе и чуствувам дека ја заслужив победата. Тврдам дека ја имав контролата и дека ако не беше безбедносното возило ќе победев.

Раиконен – Имав добар старт но на првиот свиок ги изгубив позициите. Додека морав да ги пратам другите се мачев но кога бев сам се изгледаше добро. Во првиот стинт останав доста долго на патеката но сепак имав среќа со безбедносното возило. Имав добра брзина на медиум пневматиците, но на крајот имав потреба од мека компонента да го остварам она што посакував. Сепак и ова е добро бидејќи во еден момент мислев дека загубив се.

Хамилтон – Цел викенд немав темпо кое го посакував и се борев да извадам максимум од она со што располагам. Очигледно е дека не чека голема борба, посебно тоа ме очекува мене. Можеби и тоа е реалноста на целиот тим. Уште од вчера се “бркавме“ да го најдеме ритамот за трката но ете не успеавме. Катастрофа за Мерцедес во овој момент. Максимално ќе се трудам да ги вратам перформансите и да бидам конкурентен но мислам дека и тимот треба да поработи повеќе. 

Верстепен – Ги приметив Ботас и Фетел дека имаат проблеми со пневматиците. Пробав касно да кочам, ми се блокираа задните тркала и удрив во него(Фетел). Да, тоа е моја грешка. Секако дека тоа е моја грешка и сето тоа не она што јас го посакував. Сега е лесно да се каже како требаше да постапам. Целата ситуација беше несреќна но сепак ете се случува и тоа. Ќе анализирам се и се надевам ќе се вратам појак без вакви грешки.

Фетел –  Не го ни приметив ( Верстапен) се до доцната фаза на кочење и му оставив малку место. Искрено, очекував порано да ме нападне и немав намера премногу да се бранам знаејќи дека мора да е побрз од мене заради побрзите пневматици. Не сакав да ја компромитирам трката. Направи грешка, при кочењето го блокира тркалото. И тоа знае да ни се случи на сите. Вистина дека цело време имавме “ветар“ во грбот на тој правец. Мислам дека не ја процени моменталната ситуација и на двајцата ни ја упропасти трката. Млад е и треба да учи и се надевам додека тој не научи никој од нас нема да страда.

Фетел останува лидер во генералниот пласман, а следната трка ќе се одржи во Баку, Азебејџан на 27 април.

OhridNews