Во изминатите неколку денови се слушаа разни коментари за новиот систем за заштита на главата на возачите HALO. Тото Фолв изјави дека би сакал да земе секира и да го искрши целиот дел дека според него не само што ги грди болидите туку и им смета на возачите.

Сепак Фернандо Алонско изјави дека би можело можда подобро да се дизајнира но бидејќи се работи за заштита на возачите не би коментирал повеќе и рече: „Едноставно мораме да се навикнеме и ние возачите и публиката“ 

Слично размислува и Даниел Рикардо: „Мислам дека се ќе е во ред. Немојте да ме сватите погрешно, лично мене овај дел не ми смета. Сите ќе го занемарат изгледот кога ќе почне првеството и кога ќе навикнеме да го гледаме постојано. Сетете се на 2009 година кога тимот “Браун“ го освои првенството кога болидите беа драстично изменети во својот изглед. И тогаш сите бевме скептични но се навикнавме и возевме“.

Прв од возачите што го возеше својот болит со HALO системот беше Ботас преку чие возење можеме да го видиме и тоа он борд, односно како гледаше тој кога прв пат возеше со овој систем.

OhridNews