Долгорочниот план на францускиот тим е борба со најголемите во F1. Од тимот на Рено сепак признаваат дека сеуште не се комплетирани со човечки потенцијал, односно со доволно стручни ресурси. 

Од влегувањето во F1 трките па наваму секоја година Рено оди чекор понапред на сите полина па и со пополнување на човечките ресурси. Тимот во минатата година вработи 100 нови работници така да во моментов има 750 вработени. Цирил Абитебол изјави дека овај тренд ќе продолжи и во 2018 година кога најпрво треба со работа да стартува некогашниот главен инженер на FIA Мартин Бутковски чиј договор џапочнува да тече на први април.

“Пред нас е голем предизвик, а тоа е со околу 85 % од планираниот капацитет да се бориме со најголемите тимови во првенството. Тоа се наши лични цели за да создадеме што подобра организација која беспрекорно ќе функционира. Доволно долго сме во овој спорт за да можеме да наметниме свој авторитет кај големите тимови.“ – изјави шефот на Рено Абитебол.

OhridNews