Нико Розберг победи на трката за големата награда на Кина. Германецот во болидот на “Мерцедес“ победи на трка од Гран При серијата, по 27 години откако триумфираше неговиот татко Кеке.

Нико до првиот триумф стигна по 111 трки, и тоа благодарение на лошата тактика и огромниот кикс на механичарите на Мекларен.

Втор низ целта мина Џенсон Батон, додека треопласиран заврши Луис Хамилтон. Актуелниот шампион Себастијан Фетел трката ја заврши на петтата позиција.

Ohridnews