Нико Розберг пилотот на Мерцедес е победник на хаотичната трка која се возеше низ улиците на Монако.


Германецот максимално ја искористи предноста на стартот, која ја обезбеди на квалификациите и ја забележа првата победа сезонава.


Трката во неколку наврати беше прекинувана поради судирите на болидите во тесните “шикани“ на патеката во Монако.


На пиедесталот покрај Розберг пласман обезбедија пилотите на Ред Бул, Себастијан Фетел односно Марк Вебер.

На четвртата позиција финишираше Луис Хамилтон од тимот на Мерцедес, кој трката ја започна од втората стартна позиција додека петти заврши Сутил од Форс Индијана.

На табелата водечки е Фетел со 107 бодови, второпласиран е Кими Раиконен со 86 поени, а трет е Шпанецот, Алонсо со 78. Кај конструкторите со 164 бодови лидер е тимот на Ред Бул пред Ферари со 123 и Лотус – Рено 112.

Следната трка од Формула 1 циркузот се вози на 9 јуни за големата награда на Канада.

Мх.П.