Состојбата на Ники Лауда се подобрува, откако во четвртокот му беше извршена успешна трансплантацијата на белите дробови во болница во Виена.

Еден од хирурзите кои ја извршија операцијата Валтер Клепетко за австриските медиуми потврди дека состојбата на трикратниот светски шампион во Формула 1 се стабилизирала и започнала да се подобрува.

Периодот на заздравување кај пациентите трае меѓу две до три седмици, но за господин Лауда заради неговата 69-годишна возраст ќе биде потребно малку повеќе време. Но во моментов сме задоволни, бидејќи се е во ред, истакна Клепетко.

Лауда по одмор на Ибица итно беше хоспитализиран поради драстично влошување на тешката болест на белите дробови, а по операцијата првично беше соопштено дека неговата состојба е критична.

OhridNews