Шефот на Ферари Маурицио Аривабене ја превзеде целосната одговорност за грешките на италијанскиот тим во последнит две трки.

Себастијан Фетел веќе заостанува 40 бодови позади Луис Хамилтон, а Ферари 37 зад Мерцедес на шест трки пред крајот на првенството. Италијаните и во Белгија и во Италија работите ги имаа под контрола, но трката во Сингапур како да беше знак дека им се „лизга“ контролата на првенството од рацете.

– Кога немаме резултати тоа е моја одговорност. Неможе на тапет да бидат ставени ниту Фетел ниту било кој од инженерите или механичарите. Ако сакате да обвините некого тоа сум јас. Прифаќам било каква критика посебно од луѓето кои имале успех на оваа позиција. Имаме мал простор но добри заклучоци и голема желба да ги корегираме сите грешки. – истакна италијанецот.

На истата прес конференција беше и Фетел кој истакна – 40 бодови се и малку и многу. Зависно од расплетот на трките и среќата. Оваа година првенството е такво што и една најмала грешка ве носи во понор е на пак неколку грешки кои ние ги направивме. Еве и Макс (Верстапен) успеа да не “фати“ на наша глупава грешка. Едноставна на крајот на денот во овај момент другите ддработија подобро од нас. Знам дека имам добар болид и знам дека имам една цел: да попобедам на сите трки до крајот. 

OhridNews