Пред 49 години, на овој ден,  во едно чевларско семејство (по дедо) се роди момче кое својот живот ќе го започне на картингот каде работеше татко му Ролф, а мајката Елизабет мораше да го носи јадењето баш таму. На тоа место беше предодредена почетната точка на неговата борба низ патеките на Фомула 1, на човекот кој денеска полни 49 години, кој и денеска се бори но овој пат за враќање во нормален живот, Михаел Шумахер.

Да, Хурт Норт Рајн,  го доби најголемиот великан, седум-кратниот светски првак , кој не е  поинаку научен да живее освен да се пробива низ животот и професијата, а сега и за живот,  само со борба.

„Животот и професијата е борба. Човек мора стално да се бори дури и во моментот кога се чини дека нема да ја  оствари својата цел. И тогаш. Да. Борете се . Вие бидете со верба во Бога и борете се и кога осеќате потреба да се откажете и сами ќе се изненадите кога ќе излезете како победник во таа борба“

Михаел Шумахер

Дали со оваа своја изјава Михаел ја најави својата животна борба која  еве веќе четири години трае? Да се редат редови за неговата биографија е излишно. Не би трошеле сила за тоа затоа што на денешниов ден треба целата сила да ја носичиме кон Бога со молитва и надеж дека ќе  дојде денот кога тој во некое свое интервју ќе ни каже како се` се случи и што чувствуал за овие години додека е во кома.

Ohrid News му го честита 49-иот роденден на овој великан и ги упатува своите молитви и молби кон Бога да го врати воо нормален живот.

Среќен 49-ти роденден Михаел Шумахер.

OhridNews