Менаџерот на Кими Раиконен, Стив Робертсон откри повеќе детали за договорот на финскиот пилот со Заубер. Според мислењето на спортските критичари Кими бил на добар пат да се пензионира од овој спорт после губењето на местото во Ферари, но сепак самиот Кими одлучи да продолжи понатаму. Од оваа година тој со полни 39 години ќе биде најстариот возач на стартната линија.

  • Кога на Кими му соопштија од Ферари дека нема да му го продолжат договорот самиот го направи првиот чекор и започна преговори со Заубер – изјави Робертсон за официјалниот сајт за Фомула 1 и додаде – Едноставно сакаше да продолжи да се трка и се сретна со сопствениците на тимот но и со Фредерико Васер ( директор на Заубер) и покасно со менаџерот на тимот на Заубер Беат Зендер. Со ваквиот потег Кими докажа дека уште е гладен за седиште во Ф1 и тоа беше клучно за потпишување на договорот. Искрено после Монца, кога дозна дека ќе си оди од италијанскиот тим, почна да биде малку негативен и нервозен но тоа кратко траеше и брзо се врати во нормала. Тврди дека има уште потенцијал и дека има што да покаже на патеката и јас сум сигурен дека за месец и пол тоа и ќе го докаже.

Раиконен во Ф1 пристигнал во 2001 година во тимот на Ред Бул Заубер. Од 2002 година до 2006 година Раиконен бил дел од Мекларен, а три години поминал во Ферари. После епизодите во Светскиот рели шампионат и Наскар, Раиконен се враќа во Ф1 во тимот на Лотус каде поминува две сезони. Од 2014 до минатата година Финецот беше дел од Ферари.

OhridNews