Недела дена после официјалното завршување на сезоната и крунисувањето на Луис Хамилтон на старо-нов шамион, тимовите ги официјализираа пилотите кои следната година ќе биде дел од Формула 1 циркузот.

Еден од главните новитети се враќањето на Роберт Кубица и разделбата на Ферари со Кими Раиконен.  Финецот се пресели во Заубер. Даниел Рикардо болидот на Ред Бул ќе го замени со Рено, додека Хамилтон и Себастијан Фетел нема ништо да менуваат и ќе останат во Мерцедес односно Ферари.

Друштво во пит спотот на Ферари на Фетел ќе му прави Чарлс Леклерк, а Ботас останува во редовите на Мерцедес со Хамилтон.

Новата сезона во Ф1 почнува во март месец следната година со големата трка на Австралија во Мелбурн, а за вршува на 1 декември во Абу Даби.

Тимови:

Ферари: Себастијан Фетел – Чарлс Леклерк

Мерцедес: Луис Хамилтон и Валтери Ботас

Ред Бул: Макс Верстапен и Пјер Гасли

Мекларен: Карлос Саинц јуниор и Ландо Норис

Рено: Даниел Рикиардо и Нико Хулкенбег

Заубер: Кими Раиконен и Антонио Џовинаци

Хаас: Ромен Грожан и Кевин Магнусен

Форс Индија: Серхио Перез и Ленс Строл

Торо Росо: Данил Квајт и Александер Албон

Вилијамс: Џорџ Расел и Роберт Кубица

OhridNews