Изминатиот викенд се појавија информации дека вебер изјавил, дека тој и фетел ќе продолжат да се почитуваат и дека и понатаму ќе работат за тимот. Посебен акцент е ставен врз неговата наводна изјава: „Себастијан и јас сме тим, ние делиме големо пријателство.“
Вебер на Твитер ги негираше овие изјави со напомена дека биле извлечени од контекст.
„Слушам дека се појавиле некакви глупави изјави, некој повторно ’спинува’. Во прашање се стари изјави“, напишал Вебер.
Проблемите меѓу возачите на Ред Бул настана по трката за Големата награда на Малезија, кога Фетел и покрај наредбата на тимот го мина Вебер на патеката и стигна до победата.
По трката младиот Германец изјави дека не ја разбрал најдоборо пораката од боксот, но подоцна истакна дека намерно ја игнорирал наредбата за да му се одмазди на вебер кој не му помогнал минатата сезона кога се борел за шампионската титула.
Двајцата изминатите сезони имаа неколку инциденти, а впечатлив беше оној во 2010 година кога сударот Вебер и фетел не ја завршија трката за Големата награда на Турција.
Сезоната во Светското првенство на Формула 1 продолжува на 12.мај, кога ќе се вози трката за Големата награда на Шпанија.