Пилотот на Мерцеден Џорџ Расел победи на трката за Големата награда на Канада што се возеше вечерва по европско време. Расел ја контролираше трката од почеток до крај, а одличниот викенд на Мерцедес го комплетираше тинејџерот Кими Антонели кој заврши на третото место.
Помеѓу возачите на Мерцедес на второто место заврши актуелниот шампион Макс Верстапен.
Голема борба водеа пилотите на Мекларен, Оскар Пијастри и Ландо Норис кој во финишот при обид за претекнување направи грешка, удри во болидот на тимскиот колега и ја заврши трката која финишираше со безбедносно возило на патеката.
Во генералниот пласман води Оскар Пијастри од Мекларен со 198 бода, пред клупскиот колега Лндо Норис кој има 176, Верстапен е трет со 155 бода, Џорџ Расел има 136. Кај конструкторите во водство е Мекларен со 374 бода пред Мерцедес со 199, следат Ферари со 183 и Ред Бул со 162.
Следната трка ќе се вози на 29 јуни за Големата награда на Австрија.
Г.М.