Австралиецот Марк Вебер е победник на големата награда на Велика Британија. Втор целната рамнима ја помина Фернандо Алонсо додека трет заврши вториот пилот на Ред Бул, Себастијан Фетел.

Со освојувањето на четвртата позиција шоферот на Ферари, Филипе Маса го оствари најдоброто време сезонава. Петтото и шестото место го освои тандемот на Лотус, Раиконен односно Грожан. Седум кратниот првак во Ф1, Михаел Шумахер финишираше на седмата позиција.

Во генералниот пласман води Фернандо Алонсо со 129 бодови, второпласиран е победникот на трката Силверстоун, Вебер со 116. Со 100 бодови бранителот на трофејот Фетел е третопласиран додека четврти е Хамилтон со 92.

Наредната трка се вози во Хокенхајм за големата награда на Германија.

Мх.П.