Австралиецот Марк Вебер е победник на трката која се возеше низ улиците на Монте Карло. Шоферот на Ред Беул, Вебер е шестиот различен пилот кој триумфираше на шестата трка сезонава.


Вебер ја искорости предноста која имаше поради пол позицијата и финишираше на прв на целната рамнина. Нико Розберг го освои второто место додека трет кој се најде на пиедесталот е шпанецот Фернандо Алонсо.


Формула 1 циркусот продолжува на десетти јуни со трката во Монтреал, Канада.

Табела во возачи :

Место
       Возач
Бодови
1. Фернандо Алонсо  76
2.  Марк Вебер   73
3.  Себастијан Фетел  73
4.  Луис Хамилтон  63
5.  Нико Розберг  59

Мх.П.