Младиот холанѓанец побара Ред Бул да се организира како Мерцедес и Ферари. Според него тоа е единственото решение кое ќе му овозможи да се бори за титула. Макс Верстапен кој има 20 години и ја вози својата четвртта сезона во F1 има план во најбрзо време да ја нападне и освои светската титула со Хонда како нов партнер за мотори.

Сега мораме да сме трпеливи и внимателно да собираме податоци. Во моментов каква е таква состојбата но имаме преголем оптимизам за следната сезона. Уште сега е договорено  со Хонда за 2019 година да се добијат или да се прозведат делови баш онака како сакаме ние. На тој начин понуваме да финкционираме како фабрички тим како Мерцедес и Ферари. Според мене тоа е единствениот пат до титула. Следната година се ќе биде ново и ќе можеме одма да го користиме и тогаш ќе бидиме вистински фабрички тим.“ – изјави Макс.

Сепак тој додаде дека тоа не би било баш како фабрички тим туку нешто слично но би трбало да го крене тимот на едно повисико ниво во организацијата со Хонда како нивни екслузивен партнер.

Ако ви претстои борба притив Мерцедес и Ферари морате да бидете баш како нив. Секој викенд мора да го оптимизирате она што го имате на располагање за болидот. Се надеваме дека ќе добиеме многу појак мотор“ – додаде Макс.

Оваа изјава малку ја разбранува новинарската фела која одма почна да истражува и да бара одговор на две прашања:

  1. Дали уште на половина сезона толку од борбата на Ред Бул со големите?
  2. Дали да очекуваме целосен ребренд и одкупување на доминатните акции од Ред Бул од страна на Хонда?

Спортската редакција на Ohrid News со посебно внимание ќе ја прати оваа разврска во следниот период.

OhridNews