Славниот тим на Вилијамс го откри својот болид за 2019 со целосно нов изглед и директорката Клер Вилијамс вели дека се работи за „нова генерација“ на тимот кој еднаш доминираше во спортот, но лани беше најслабиот во Ф1.

Иако вистинскиот ФВ42 болид нема да биде откриен до првиот ден зимско тестирање во Барселона на 18 февруари, во фабриката во Гроув ги покажаа новите бои по спонзорството на „Рокит“, телекомуникациската компанија.

Деветкратните шампиони кај конструкторите завршија на последното место лани првпат во нивната историја со само седум освоени поени, по што имаше низа промени.

  • Лани беше многу тешко за нас. Ти ја уништува душата кога си последен. Но, го заддржавме главното, луѓето кои веруваат во овој тим и целта е новата сезона ќе биде подобра“, вели Клер Вилијамс, ќерката на основачот на тимот. – рече Сер Френк Вилијамс.

ФВ42 е втор болид кој ќе го дизајнира поранешниот прв човек на Мерцедес, Педи Лоув, а во тимот оваа година ќе вози полскиот ветеран 34-годишниот Роберт Кубица, кој се враќа во спортот седум години по сериозната повреда на раката на рели трка, како и младиот Ф2 шампион, 20-годишниот Џорџ Расел, прв Англичанец во тимот по Џенсон Батон во 2000.

  • Ќе биде возбудливо да се гледа таа двојка. Последните месеци поминавме низ трансформација, а Џорџ и Роберт се новата генерација. – додаде Вилијамс.

Новата сезона во Формула 1 ќе започне на 17 март со трката во Мелбурн, Австралија.

OhridNews