Патеката Нинбургринг во Германија по пауза од седум години повторно ќе биде домаќин на трка во Формула 1. Организаторите најавиле дека ќе дозволат присуство на 20.000 навивачи на трката.

Продажбата на влезниците ќе започне утре. Билет за целиот тркачки викенд ќе се продава по цена од 199 евра.

Поради пандемијата со коронавирусот сезоната во Форлума 1 започна без присуство на публика. Како одминува сезоната мерките попуштаат, во Монца на трибините имаше стотина здравствени работници, во Муџело на трибините имаше 2.000 фанови, а се очекува наредниот викенд во Русија да има уште повеќе навивачи.

Трката во Нинбургринг ќе биде 11 во првенството на Формула 1, а ќе се вози на целосно реновираната патека.

Тркачкиот викенд во Германија на програмата е од 9 до 11 октомври.

OhridNews