F1 TV веќе на Mobile World Congress (MWC) саемот го промовира својот стриминг во живо за овогодишното светско првенство. Љубителите на овај спорт покрај стандардниот ТВ пренос ќе можат да бираат и поглед од било која камера од 20-те возачи, а ќе постои и можност за поделување на екранот и да се пратат неколку камери во ист момент.

Овoј сервис иницијално ќе биде понуден во Мексико, Франција, Германија, САД, Турска, Белгија, Унгарија и Австрија, а сигналот ќе биде активиран на ГН на Австралија.

Се проценува дека овој спорт го пратат околу пола милијарда луѓе, а проценката на челниците на F1 TV е дека милион најголемите фанови на Формула 1 во прв момент ќе го прифатат овој сервис, F1 TV PRO, за соодветна претплата.

Понудата ќе содржи и поевтина верзија F1 TV Access која нуди снимки од трките. Месечната претплата за премиум верзијата ќе се движи од 8 до 12 долари, а годишен пакет околу 100 долари, а цената ќе се утврдува во зависност од државата и пазарот.

OhridNews