Светлата во Лас Вегас трепераа, а атмосферата кулминираше – но, зад гламурот и ноќниот спектакл се криеше голема драма која драматично може да влијае на конечниот епилог во трката за светски шампион во Формула 1.

Норис почна од пол-позиција и се чинеше дека го контролира темпото од самиот старт. Но, трката не се одвиваше како што посакуваа во тимот на Мекларен. Неговиот болид почна да има проблеми, но водечкиот во генералниот пласман успеа да заврши на подиумот. Пјастри, од друга страна, поради контакт на почетокот изгуби неколку позиции, но се врати и стигна до четвртата позиција. Ситуацијата мудро ја искористи возачот на Ред Бул и актуелен првак Макс Верстапен кој оствари убедлива победа.

Но проблемите за Мекларен не застанаа тука. По трката, нивните болиди беа подложени на техничка контрола и откриена беше неправилност која може да го сруши сонот за светска титула на Ландо Норис иако тој се уште има водство во генералниот пласман. Имено, стјуардите утврдиле дека „skid-block“-овите, плочите под дното на болидот на двата Мекларени, биле потрошени под минималната дозволена дебелина од 9 мм. Овој прекршок, според регулативите, е строг и резултираше со дисквалификација на двата возачи на Мекларен кои оснаа без бодови. Па така на подиумот во Лас Вегас се искачија Верстапен – Ред Бул (1), и возачите на Мерцедес Расел (2) и Антонели (3).

Лидер во Генерален пласман по Лас Вегас и натаму е Ландо Норис (McLaren) со 390 поени – 24 бода повеќе од Макс Верстапен (Red Bull) кој сега е израмнет со Оскар Пјастри (McLaren). Двајцата имаат по 366 поени.

До крајот на сезоната остануваат 2 Гран при-трки: Катар и Абу Даби. Тоа значи дека максимално можат да се освојат 58 поени и се е отворено. Верстапен сега има реални шанси да стигне до титулата. За тоа мора да има многу добри резултати во двете преостанати трки, но не зависи се само од него.

Пјастри, исто така, е во игра за титулата и може да го искористи секој пад на Норис кој ќе биде под огромен притисок.

Според GPFans, за да не ја осигура Норис титулата веќе на следната трка, Верстапен треба да го надмине за 17 поени во Катар, а Пјастри треба да го победи Норис за 5 поени во истиот викенд.

Поради тоа што се уште има 58 поени во игра, ништо не е решено и титулата може да се одлучи во последната трка во сезоната која ќе се вози во Абу Даби.

OhridNews