Тимот на Арсенал обезбеди пласман во понатамошната фаза од ФА купот победувајќи го Ливерпул 2-1 на „Емирати“. Победата и елиминацијата е слатка одмазда на „топчиите“ кои пред недела дена на „Енфилд“ претрпеа убедлив пораз 5-1 во Премиер лигата.

Резултати : Евертон – Свонси 3-1, Шефилд – Нотингем 3-1, Арсенал – Ливерпул 2-1.

Мх.П.