Иако се чекаше само официјализирање на трансферот на Горан Попов од ВБА во Болтон сепак тоа не се случи откако Англиската федерација го блокираше трансферот.

– Ги минав лекарските прегледи, имав интервју за ТВ станицата на Болтон, а го одбрав и дресот со бројот 3. Имав и тренинг со новиот клуб и денеска требаше да играм на дуелот со Барнли. Но по поднесените документи стигна допис од ФА до Болтон во кој стои дека немам право да играм. Причина за тоа е мојата отстапница од Динамо Киев во ВБА. Тоа е возможно само во преоден рок. Тоа правило не важи за отстапниците во Англија. Штета! Сега назад во Бирмингем до јуни – рече Попов за дневниот весник „Македонски Спорт“.
За краток период ова втор пропаднат трансфер на Попов откако во зимскиот преоден рок имаше неуспеше обид за преминување во Кристал Палас.
Мх.П.










