Напаѓачот на Ливерпул, Луис Суарез е казнет со 40 ијлади фунти и забрана за настап на осум меча, поради расистичките испади на мечот против Манчестер Јунајтед кој заврши 1-1. Суарез на расна основа го навредувал капитенот на “ѓаволите“ Патрис Евра.


Суспензијата тече веднаш, а Уругавајецот има право на жалба на ваквата одлука на англиската ФА. – Ова одлука беше тешка за мене и за мојата фамилија, им се заблагодарувам на сите на подршката и јас ќе продолжам со напорната работа. – напиша на својот твитер профил Суарез.