Челниците на Премиер лигата ќе го тужат Манчестер Јунајтед поради недоличното и неспортско однесување на неговите фудбалери на дерби натпреварот со Ливерпул, одигран на Енфилд.

Фудбалерите на Јунајтед жестоко реагираа на одлуката на судијата Крег Повсон кој не досуди прекршок по воздушниот дуел на голманот Давид Де Хеа и Вирџил ван Дајк.

По таа ситуација Роберто Фирмино постигна гол за Ливерпул. Голот потоа е поништен по прегледувањето на снимката. Поради жестоката реакција судијата веднаш му додели жолт картон на голманот Де Хеа.

На крајот мечот заврши со триумф на Ливерпул од 2-0.

По повод тужбата клубот од „Олд Трафорд“ има право на жалба најдоцна до четврток. Не е познато со каква казна се соочени фудбалерите на Манчестер Јунајтед.

OhridNews