Полуфиналните натпревари во ФА Купот ќе бидат до сега невиден спектакл во најсторото клупско натпреварување во Европа. Фаворитите без грешка ја поминаа четвртфиналната фаза и закажаа неверојатни пресметки во полуфиналето, а ќе се сретнат Челси – Манчестер односно Арсенал – Манчестер Сити.

Челси во 1/4 финалната сребда со 1-0 го совлада Лестер, Арсенал со триумфираше на гостувањето кај Шефилд Јунајтед со 2-1 додека Манчестер Сити со 2-0 славеше кај Њукасл. „Црвените ѓаволи“ синоќа после продолженија го решија Норвич со 2-1.

Полуфиналните пресметки во ФА Купот ќе се одиграат на Вембли на 18 и 19 јули.

OhridNews