Куп мајсторот Ливерпул се пласираше во финалето од ФА купот по триумфот од 2-1 над градскиот ривал Евертон. “Сините“ поведоа со 1-0 благодарение на голот на Јелавич. Суарез по еден час игра го изедначи резултатот, додека конечниот пресврт го реализираше Енди Керол.

Противник на “црвените“ ќе биде победникот од дуелот Челси – Тотенхем.