Дисциплинската комисија во Премиер лигата ја одби жалбата од Арсенал и ја потврди суспензијата од три натпревари за Пјер Америк Обамејанг. Најдобриот стрелец поцрвена на дуелот со Кристал Палас за груб старт над противнички фудбалер.

Репрезентативецот на Габон првично доби жолт картон, но главниот судија после прегледување на снимката во ВАР собата доби инструкции да му додели црвен за не промислениот старт.

Најдобриот стрелец во составот на Арсенал ќе ги пропушти мечевите со Шефилд Јунајтед и Челси во Премиер лигата и дуелот со Бурнмаут во ФА Купот.

OhridNews