Фолклорниот ансамбл „Отекс Фолк“ од 15- ти до 21-ви мај ќе има турнеја во Република Хрватска каде ќе учествува на ” 14- те Фолклорни смотри на Личко- Сењската жупанија- Оточац.

Охридскиот ансамбл ќе има настап заедно со уште 15 други фолклорни ансамбли, а ќе оддржи и целовечерен концет во рамки на македонската вечер во Госпич.

Како што информираат од ФА „Отекс Фолк“, нивното гостување веќе е најавено на голем број од медиумите во оваа жупанија, каде со нетрпение се очекува да се проследи настапот на фолклорните ансамбли.

ФА „Отекс Фолк“, кој до минатата година функционираше како КУД „Отекс“ е формиран во 1983 година. Во својата 29-годишна традиција има учествувано на многу реномирани меѓународни фолклорни фестивали како во Европа така и во САД, Канада и Австралија.

OhridNews