Во Англија клубовите ќе бидат строго казнети поради критиките на тренерите против судиите.

Претходно, Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) поведе обвинение против главниот тренер на Арсенал, со објаснување дека зборовите на Микел Артета се „навредливи кон официјалните лица на натпреварот и му штетат на фудбалот“. Однесувањето на тренерот беше наречено „непримерно“.

Да потсетиме, по поразот од Њукасл (0:1), тренерот на Арсенал жестоко го критикуваше судењето на Стјуарт Атвел и одлуката да важи голот на противникот.

Се срамам што не беше поништен голот на Њукасл во лига што се смета за најдоброто во светот. Во оваа земја сум 20 години и сега се срамам. Срамота, изјави тогаш Артета.

Клубот од Лондон со соопштение го поддржа тренерот: „Неприфатливи грешки. Премиер лигата е најдобрата лига во светот и заслужува подобро“. Беше објавено и дека Арсенал планира на судиите да им достави список на грешки во корист на противникот.

ФА ќе бара построги санкции против клубовите. Здружението е крајно загрижено поради коментарите на Артета и изјавата на Арсенал за поддршка на тренерот.

Според The ​​Telegraph, ФА ќе се сретне со претставници на Премиер лигата и на здружението на тренери и ќе ги предупреди дека ќе бидат преземени построги мерки против клубовите доколку ги поддржат тренерите кои ги критикуваат судиите.

ФА е загрижена поради зголемениот бран на непочитување кон судиите и официјалните лица на натпреварите.

OhridNews

фото. МИА