Италијанскиот стручњак Фабио Капело не е повеќе селектор на фудабалската репрезентација на Англија, соопшти ФА (Фудбалската Асосијција) на својата веб страна.


Ваквата реакција доаѓа по одлуката на ФА да му ја одземе капитенската лента на Џон Тери, нешто на што Капело се спортистави во италијанските медиуми. Капело ја понудил својата оставка која бордот веднаш ја прифатил.

Ја прифативме оставката на Капело, му благодариме на за се што направи со англискиот тим, и му посакуваме многу среќа и успех во иднина -рече претседателот на ФА, Дејвид Берштајн.

Повеќе детали за соработката и тоа кој ќе го наследи Капело, најавени се по средбата на менаџментот на федерацијата.

М.П.