Стрелецот на голот за Барселона во првиот полуфинален натпреварот против Реал Мадрид, Цекс Фабрегас по мечот истакна дека резултатот е добар, но можеше да биде уште подобар, ако екипата не примеше гол во финишот на мечот.


– Остваривме добар резултат на Сантијаго Бернабе, кој е екстра тежок стадион за играње. До реванш натпреварот со Реал Мадрид има еден месец, затоа ние сега ќе се фокусираме на Ла Лига и Лигата на Шампиони, а тогаш ќе им приредиме спектакл на нашите навивачи –
потенцираше Фабгрегас.

Возвратниот меч од полуфиналето во Копа дел Реј се игра на 27 февруари на Ноу Камп.

Мх.П.