– Првенствено ми рекоа да го шутирам вториот пенал, но јас реков НЕ, го сакам петтиот пенал – вели Сеск Фабрегас, кој го реализираше петтиот пенал и обезбеди пласман во финалето за Шпанија, трето во низа на големите натпреварваувања.

Фабрегас беше човекот на одлука и во 2008 година кога го погоди пеналот кој ја одведе Шпанија во полуфиналето по пенал рулетот против Италија.

– Трето финале во четири години, се прашувам дали некој воопшто го направил тоа, навистина е неверојатно. – вели Фабрегас.

Фабрегас, кој во првата рунда од шампионатот постигна гол против Италија во ремито 1-1, ја посака Германија во финалето и реприза од Виенскиот триумф.

М.П.