Тренерот на Барселона Херардо Мартино изјави во сабота дека фудбалерот
Сеск Фабрегас ќе донесе конечна одлука за трансферот во Манчестер
Јунајтед, но дека се надева оти фудбалерот ќе остане во клубот.

Барселона одби две понуди на Манчестер Јунајтед од 25 и 30 милиони фунти за Фабрегас.

„Разговарав со Сеск и ми кажа што мисли. Јас би сакал да остане во
клубот и се осмелувам да кажам дека ќе биде така, но тој ќе одлучи за
тоа. Фабрегас е еден од најдобрите фудбалери во нашиот тим“, рече
Мартино за клупскиот сајт.

Фабрегас пријателскиот меч на Камп Ноу во петокот вечер против Сантос го
започна од клупата, но во второто полувреме постигна два гола и
асистираше за еден.

„Макфакс“