Поранешниот фудбалер на Арсенал призна дека му било тешко гледајќи го неговиот клуб како губи со 8-2 од Манчестер Јунајтед, минатото коло во Премиер Лигата.


– Го гледав натпреварот против Јунајтед и многу ми беше тешко. Патев за време на целиот натпревар особено поради големото ривалство помеѓу двата клуба. Меѓутоа, убеден сум дека играчите ќе го подигнат моралот во следните натпревари. Секогаш ќе го сакам овој клуб. Навивам за нив во добро и зло. Се надевам дека ќе можам да го пренесам во Барселона сето она што ме научи Арсен Венгер на Емирати. Нему ќе му бидам вечно благодарен“ – вели Фабрегас.

Офанзивниот играч за врска по доаѓањето во Барселона се закити со два трофеи, суперукопут на Шпанија и европскиот суперкуп.

Ohridnews