Жестока битка на натпреварот се најавуваше уште од самиот почеток. Трибините на градскиот стадион во Кичево се наполнаа пред половина час од стартот на дуелот, што беше мотив плус за фудбалерите на Напредок.
Со поранешните фудбалери на Охрид, Маркоски во средината и Клекчароски во нападот, Бочески на клупата и повредениот Џалески на трибините Напредок стигна до вредни три бодови.
“Плавите“ тргнаа без никаков респект против фаворизираната Шкендија, но таа беше која ја контролираше играта. Сепак првата прилика за погодок ја имаше Напредок, но Ж. Симоновски биеше млако по земја. Во 30-та минута кичевчани поведуваат со 1-0 откако Балажи пеналот го претвори во погодок.
Кога сите очекуваа крај на првиот дел, Цветаноски успеа да им украде топка на дефанзивците на Шкендија, одма го пронајде Клечкароски кој несебично го проигра Петрески а овој само ја спроведе топката под голманот на Шкендија.
“Црвено црните“ предводени од поранешниот репрезентативец на клупата, Артим Шаќири заигра поотворено во вториот дел. Обрачот пред голот на кичевачни се стегаше, а дополнително работите ги искомпликува голманот Пашовски кој заработи директен црвен картон играјќи недозволено со рака надвор од казнетиот простор.
Со фудбалер помалку Напредок издржа само десет минути. Виновникот за првиот гол на кичевчани Алии со одмерен удар го намали резултатот 2-1. Кога немаше друг излез Бочески го направи можеби најдобриот потег на мечот кога во игра го внесе М. Симоновски. Во првиот контакт со топката М. Симоновски по одличната акција на Најдоски со гради зголеми на недостижни 3-1.
На возбудувањата во Кичево им немаше крај, поради одолговлекување и задржување на време втор жолт автоматски црвен заработи Степановски и така Напредок мечот го заврши со девет фудбалери во поле.