Најсреќниот, најхрабриот, најумешниот од илјадата капачи кои се очекува да скокнат по чесниот крст во осветените води на Охридското Езеро, од кумот на Водици 2013 Стојан Ѓоргоски на подарок ќе добие вреден крст изработен од сребро, злато и дрво. Вредноста на крстот се проценува на околу 1000 евра.


Вредниот подарок што ќе го добие фаќачот на чесниот крст за Водици во Охрид

Новиот кум на Водици, исто така, ќе донира и 10.000 евра за изработка на фрескоживописот во Свети Климентовата црква на Плаошник. За таа цел деновиве, делегација од здружението Богојавление заедно со новиот кум остварија средба со владиката Тимотеј, кој ја поздравил вредната донација.

Организаторите на манифестацијата информираат дека подготовките за одбележување на Водици течат во најдобар ред и очекуваат за претстојниот празник Охрид да го посетат голем број гости од земјава и светот.

OhridNews