Факелот од трката за светска хармонија кој патува низ целиот свет помина и во Охрид. Во својата трета деценија од постоењето, Трката за светска хармонија е најголемата и најдолгата база на човештвото за постигнување на мирот. Од нејзините почетоци има посетено повеќе од 140 нации.

Учесниците на трката заедно со атлетскиот клуб од Охрид пристигнаа на градскиот плоштад каде што ги пречека претседателот на Советот на Општина Охрид Душко Јаковчески.

Исто така, Јаковчески заедно со советникот Јоне Станковски ги учесниците ги примија и во Општината. Тие им посакаа среќа во ширењето на пораката за светска хармонија и им порачаа дека секогаш се добредојдени во Охрид.