53 одсто од граѓаните не планираат да излезат на гласање на 5-ти јуни. 32 одсто ќе излезат, а 15 одсто се уште не знаат.

До вакви сознанија дошла агенцијата Фактор плус при телефонската анкета спроведена на илјада и 200 испитаници. На прашањето зошто нема да гласаат, 42% одговориле дека ги бојкотираат изборите, 21% дека немаат за кого да гласаат, а 37% навеле некоја друга причина. Дури 75% сметаат дека општеството е во длабока политичка криза. 53% велат дека во моментот нема услови за одржување на фер и демократски избори, 60% дека слободата на медиумите е на истото ниво како пред три месеци, а 47% дека Избирачкиот список не овозможува фер избори.

80% испитаници не се согласуваат со одлуката на претседателот Иванов да ги помилува сите политичари против кои се водат постапки наспроти 14% кои се согласуваат, а 73% изразиле уверување дека неговата намера била да ги заштити политичарите од власта. Анкетата е спроведена во периодот од 11 до 14 април 2016.

OhridNews
Извор:„Телма“