Фактурите за потрошена електрична енергија, дел од охриѓани ги добиваат со задоцнување, односно им пристигнуваат по изминувањето на крајниот рок за плаќање на фактурата.


При тоа за секој изминат ден по дадениот рок за подмирување на износот, од страна на ЕВН се наплаќа законска казнена камата за задоцнето плаќање на фактури.

На фактурата стои дека од страна на службите при ЕВН  била изготвена на 31- ви јануари, а крајниот рок за плаќање пишува дека е на 15- ти февруари. Мене и на останатите соседи ни беа доставени на 18- ти февруари. И покрај тоа што веднаш отидов да ја платам штом ја добив фактурата, веќе изминале три дена од крајниот рок за што потоа ни се пресметува казнена камата. Каде е проблемот, дали доцнат со испораката оние кои ја праќаат од ЕВН или службите од Македонски пошти кои треба да ја достават не знаеме , велат граѓаните.


Потпаролот на ЕВН, Атанас Ковачески вели дека оправдани се реакциите на граѓаните и дека од нивна страна ќе бидат превземени мерки за утврдување на причините поради кои фактурите, до дел од потрошувачите во Охрид, се доставуваат со задоцнување.

OhridNews