Голем дел од патоказните знаци кои ги покажуваат насоките на улиците низ Охрид, се фалични односно им недостасува по некоја табличка. Може да се претпостави дека нивното оштетување се должи на влијанието на некои непознати или несовесни надворешни фактори.

Овие знаци се од голема полза за туристите и гостите кои секојдневно доаѓаат во Охрид бидејќи истите покрај тоа што ги покажуваат насоките на сите улици, ги покажуваат и насоките кон одредени локации или значајни културно-историски локалитети.

Инаку Секторот за туризам и локален економски развој при Општина Охрид пред околу два месеца започна со акција за поставување на туристички информативни табли на 26 локации во Охрид.

OhridNews