Колумбискиот напаѓач Радамел Фалкао одново е таличен за екипата на Атлетико Мадрид. “Јорганџиите“ во последниот натпревар од осмата рунда во “Ла лига“ славеа со 1-0 на гостински терен кај Реал Сосиедад благодарение на голот на Фалкао.

Резултати : Еспањол – Рајо Валекано 3-2, Реал Сосиедад – Атлетико Мадрид 0-1, Гетафе – Леванте 0-1, Гранада – Сарагоса 1-2, Осасуна – Бетис 0-0.

Мх.П.