Радамел Фалкао го комплетираше трансферот од Атлетико Мадрид во Монако. Колумбиецот потпиша четиригодишен договор, во кој ќе заработи 68 милиони евра или по 14 милиони по сезона.

Во договорот на Фалкао не постои никаква клаузула, која се наведуваше ако Монако не обезбеди пласман во Лигата на Шампиони или за неговите услуги се заинтересираат Реал Мадрид и Челси.

Во двете сезони колку што го носеше дресот на Атлетико Мадрид, Фалкао освои три титули и тоа во Лигата на Европа, Супер купот на Шпанија и Копа дел Реј.

Висината на оштета за трансферот на Колумбиецот изнесува од 40 до 45 милиони евра. Тој четврти фудбалер по Карваљо, Родригез и Мутињо кој го засилуваат тимот од “кнежевството“.

Мх.П.