Ремито на домашен терен на Реал Мадрид против Еспањол 2-2 беше одлична увертира за дербито во “Ла Лига“ помеѓу Барселона – Атлетико Мадрид.


Колумбискиот напаѓач во дресот на Атлетико Мадрид, Радамел Фалкао погоди за предност 31-та минута и ја разлути Барселона.

Радоста на гостите траеше пет минути. Дефанзивецот на “блауграната“ Адријано изедначи додека до крајот на првиот дел Бускетс го сврте резултатот.

Во вториот дел на сцена стапи Аргентинскиот ас, Лионел Меси со два погодоци ја запечати победа над Атлетико Мадрид и покажа  “кој е кој“ во Примера.

Резултати : Реал Мадрид – Еспањол 2-2, Барселона – Атлетико Мадрид 4-1, Валенсија – Рајо Ваљекано 0-1, Сарагоса – Леванте 0-1.

Табела : Барселона 46, Атлетико Мадрид 37, Реал Мадрид 33, Малага 28. . .

Мх.П.