Радамел Фалкао и Атлетико Мадрид оддолеаја на богатите на понуди од Манчестер Јунајтед, ПСЖ, Челси и Реал Мадрид, а неочекувано Колумбиецот ќе се пресели во редовите на Монако.


“Кнезовите“ сезонава обезбедија пласман во елитата, а ќе се вратат на голема врата со ангажман на фудбалската супер ѕвезда Фалкао. За потписот на колумбискиот репрезентативец Монако ќе “кешира“ 60 милиони евра.

Монако имаат нов сопственик, руски тајкун, кој нема да штеди средства да биде конкурентен со мултимилионскиот ПСЖ. Според француските медиуми нов тренер ќе биде Италијанецот, Роберто Манчини, кој е пред излезни врати од Манчестер Сити.

Мх.П.