Најдобриот стрелец во Лига Европа, во минатата сезона, Колумбиецот Радамел Фалкао, кариерата ќе ја продолжи во Атлетико Мадрид. Покрај Фалкао на „Винсенте Калдерон“ ќе се пресели и Португалецот Рубен Микел.
За трансферот на овие двајца фудбалери Атлетико ќе плати сума од 47 милиони евра. Трансферот на Фалкао, кој минатата сезона ја воодушеви фудбалската јавност, изнесува 40 милиони евра.
Колумбиецот минатата сезона, на патот на Порто до титулата во Лига Европа, постигна 17 погодоци, со што го собори рекордот на Јирген Клинсман од сезоната 1995/96, кога во дресот на Баерн, во Купот на УЕФА постигна 15 погодоци.
Фалкао, вкупно во минатата сезона, во која Порто ја освои тројната круна, на 43 натпревари постигна 39 погодоци. Фалкао, за чии услуги голем интерес покажуваа Челзи и Тотенхем, во Порто дојде во 2009 година од аргентинската Ривер Плата за сума од шест милиони евра.
Манчестер без Видиќ во следните пет недели
Манчестер Јунајтед нема да може да смета на одбранбениот играч Немања Видиќ во следните пет недели. Видиќ заедно со Рио Фердинанд поради повреди беа заменети на воведниот меч во новата премиерлигашка сезона против Вест Бромвич Албион.
„Видиќ има повреда на листот на ногата и ќе мора да паузира околу пет недели, што е многу повеќе од тоа што мислевме. Затоа пак Рио Фердинанд што го повреди буtниот мускул многу брзо се опоравува и ќе може да настапи против Арсенал на 28 август“ изјави тренерот на црвените ѓаволи Алекс Фергусон
“извор Макфакс“
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com